30,000 регистрации на Порталот School Education Gateway – дали и вие сте регистрирани?

School Education Gateway прославува над 30,000 регистрирани корисници – број што се зголемува секојденвно! Регистрираните учесниците имаат можност да се приклучат на бесплатни он-лајн курсеви, имаат можност за зачувување на нивните лични пребарувања и може да имаат голема корист од содржината на платформата. Па зашто не се приклучите уште денеска и не ја споделите информацијата?

Презентирана на 23 европски јазици, School Education Gateway е единствена точка за влез за наставниците, училишните лидери, креаторите на политиките, експерти и други професионалци во образовниот систем. Со над 10,000 регистрирани корисници од постоењето,  официјално пуштање во употреба на 19 Октомври 2016 година, School Education Gateway порасна за над 50% во рок од 6 месеци!

Овој раст е одраз на довербата на училишната заедница во квалитетните и разновидни содржини што може да се најдат на платформата, што ја прави платформата задолжителна за сите кои се вклучени во училишното образование. На онлајн платформата Европа за образование, можете да се движите низ широк спектар на ресурси на европските политики и активности за образование:

  • Најнови анализи и тематски страници во образовните политики и практики во Европа;
  • Експертски ставови и истражувања за образование;
  • Публикации, материјали и алатки за наставниците и училишните лидери да останат информирани и да ја подобрат нивната пракса;
  • Три алатки и информации за училиштата како да ги подготват своите Еразмус + апликации;
  • Можности за професионален развој на наставниците преку интернет и на лице место преку курсеви и наставни материјали;
  • Европски комплет на алатки за училиштата што го промовираат инклузивното образование;
  • E360 - Успешни иницијативи за претприемништвото низ Европа.

Како што School Education Gateway  продолжува да расте и одговара на потребите и предизвиците во образовното поле, нови и целосно бесплатни материјали ќе бидат понудени на посетителите: повеќе страници организирани според тематските содржини, сосема нови и повторени изданија на веќе популарни онлајн курсеви, како и новиот Комплет со алатки, се само некои од многуте понуди што се планирани за во 2017 година - и ова е само почеток!

Зачлени се на School Education Gateway денеска и подготви се себеси за иднината на училишното образование!

http://www.schooleducationgateway.eu

Назад