Идни перспективи на мобилнoстите од високото образование во рамките на Еразмус+ програмата

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Rome_May2018/32214685_1652091844877693_4766031599558983680_n.jpgЧетврток, 10 мај 2018 година

Иднината на Еразмус+ - високо образование

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и раководителот на одделение за мобилност во областа на високото образование, образование на возрасни и млади, м-р Александар Богојевски, присуствуваа на дводневен настан во врска со програмата Еразмус+ во делот на високо образование организиран од страна на Националната агенција на Италија, што се одржа во Рим.

Темата на состаноците се однесуваше на иднината на Еразмус+ програмата во делот на КА103 и КА107 (високо образование), при што се дискутираше за зголемување на буџетот на истоимената програма после 2020 година.

Воедно, на состаноците, се разви дискусија за повеќе идеи и повеќе предлози:               

-          Зголемување на месечните надоместоци за студентите;

-          Зголемување на временската рамка за студентски пракси;

-          Повисоки надоместоци за организациона поддршка за универзитетите;

-          Поголема поддршка за студентите пред започнување со мобилностите, во текот на реализација и по завршување со мобилностите и праксите;

-          Признавање на стекнатите компетенции на студентите при реализирани пракси/стажирања;

-          Анализа од страна на Националните агенции на Данска, Норвешка, Финска и Шведска по однос на почитување на постулатите од чартерот;

-          Импакт и дисеминација на резултатите од реализирани мобилности.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Rome_May2018/32214695_1652090731544471_5430661287350632448_n.jpg

Назад