Инфо-ден Еразмус+ на Универзитет Гоце Делчев - Штип

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG-20191009-WA0001 (1).jpgСреда, 9 октомври 2019 година

На 8 октомври, по покана на претставници од канцеларијата за меѓународна соработка при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, претставници од Националната агенција присуствуваа на отворен инфо-ден за прогармата Еразмус+ што се одржа во просториите на УГД – Кампус 2. 

На инфо-денот учество зедоа проректорот за меѓународна соработка при УГД, претставници од канцеларијата за меѓународна соработка, претставници од Националната агенција, Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, еразмус студенти од Полска, Шпанија, Португалија и Италија, како и студенти од УГД кои имаа реализирано студентски мобилности во европските држави. 

На инфо-денот свој говор одржаа ректорот за меѓународна соработка при УГД, Еразмус координаторот, претставникот од Националната агенција, еразмус студентите од УГД кои ги споделија своите успешни приказни со присутнтие, како и еразмус студентите од ЕУ државите кои студираат при УГД. 

Со свое присуство, со промотивни материјали и со свој штанд на настанот учество зедоа и претставници од Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа.

 

Назад