ИНФО ДЕН НА МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/MUDz/MUS 1.jpgЧетврток, 18 април 2019 година

На покана на Меѓународниот славјански универзитет претставници од Националната агенција присуствуваа на инфо ден за програмата Еразмус+ и проектот Студирај во Европа.

На инфо денот, што се одржа во просториите на Славјанскиот универзитет, во Свети Николе, присуствуваа ректорот на универзитетот, декани, професори, Еразмус координаторот, студенти и административен кадар.

Пред присутните, г. Александар Богојевски ги образложи сите права, но и сите обврски согласно програмата Еразмус+ и воедно ги охрабри присутните да бидат дел од Еразмус+ програмата.

Назад