ИНФО ДЕН НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ВО ШТИП И ВО ВЕЛЕС

Пtl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/stipveles/IMG_8654.JPGеток, 16 ноември 2018 година 

Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Марија Стефковска, од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование, г. Александар Богојевски, од Одделението за мобилности во високото образование, обука и млади и г-ѓа Мила Протугер Анастасова, од Одделение за еТвининг, одржаа презентација на  програмата Еразмус+ заедно со централизираните акции (Sport, Capacity Building, Knowledge Alliance, Erasmus Mundus Joint Masters Degrees и Jean Monnet) и на мрежите Европас, Евридика, Еврогајденс и еТвининг.

Презентацијата се одржа на 15 ноември во Штип и во Велес.

На презентациите присуствуваа претставници на градинки, основни и средни училишта, универзитети, здруженија на граѓани и претставници од општините.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/stipveles/IMG_8719.JPG

На настаните што беа одржани во Штип и Велес пред присутните учесници беа споделени успешни приказни (презентации и видеа) од реализирани проекти  од областа на високото образование КА203 и од областа на стручното образование и обука КА102.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/stipveles/IMG_8733.JPG

Назад