ТАС Настан: Инклузија на политики за мигранти во младинските платформи

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca_Malaga.jpgСеминар

14-19 март 2017 | Молина, Малага, Шпанија

Со вклучување на младите мигранти, претставниците од дијаспората и лица кои се вклучени во младинските организации, овој семинар има за цел споделување дискутирање и елаборирање на специфичните политики за интегрирање на млади мигранти и бегалци во младинските платформи.

 

Цели:

  • Да се анализираат сличностите и разликите во состојбата на младите мигранти и бегалци во политиката на секоја земја во контекст со правата на младите;
  • Креирање на заедничка стратегија за влијанието на политики за мигранти преку пристапот заснован на правата , при промовирање на  концептот „Права на младите”:
  • Разменување на добри практитки за нови политики во контекст на мигрантите, бегалци, кои се однесуваат на нивното влијание врз популација (млади) од платформите во секоја земја;
  • Поттикнување на учесниците и нивните Младински Совети за употреба и промовирање на Структурен дијалог и КА3-проекти како средство за постигнување на млади мигранти со цел да се справат со носителите на одлуки;
  • Нагласување на перспективноста на младите мигранти и прашања кои што се поврзани со нивната ситуација;
  • Да се придонесе за развивање на сеопфатна Еразмус + Програма во врска со миграцијата.

Врз основа на инклузивните метод “peer-to-peer”, општиот пристап на состанокот ќе обезбеди соодветен простор каде учесниците ќе можат да споделуваат, учат и да дебатираат за млади лидери од младите платформи во европските земји, особено заинтересирани за вклучување на младите мигранти. Посебно внимание ќе се обрне на состојбата на младите бегалци.

Заклучоците на овој семинар се наменети за млади се со цел да се претстават истите преку платформи до националните власти, другите заинтересирани страни и да ги поддржуваат како и да бидат поотворени за плурализмот и вклучување на младите мигранти и бегалци.

Агендата на настанот достапна на следниов линк.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 14 февруари 2017 година:

НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Ве молиме да ја симнете ја апликацијата ОВДЕ. Потоа, полнете го секое поле од апликацијата, потпишете ги назначените полињата (претседател и апликант) и скенирани пратете ги на следниов е-маил: tca@na.org.mk

Известување за резултати од селекцијата -17 февруари 2017 година.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и работа со мигранти/избеглици и баратели на азил.

Назад