Известување за корисниците на грант од програмата Доживотно учење

Во предходниот период Националната агенција се соочи со технички проблеми кои не дозволуваа генерирање на финални извештаи за акцијата Обука на работно место за подпрограмите Комениус и Грундвиг. Истите се веќе надминати и генерирањето на овие извештаи моментално се врши непречено. До секој од корисниците кои очекуваат финален извештај ќе биде доставен унифициран линк до извештајот од каде што тие ќе можат да го превземат во PDF формат и понатаму да го пополнат и достават до НА.

Останатите акции од овие и од другите подпрограми не беа засегнати од овие пречки и истите се спроведуваат без проблеми.

За подетални информации Ве молиме да се обратите кај контакт лицата од соодветната подпрограма. 

Назад