Известување за апликациските формулари за роковите за аплицирање во 2018 година

Националната агенција ги потсетува потенцијалните апликанти на програмата Еразмус+ за децентрализираните акции дека датумот за првиот рок за аплицирање за акциите KA105, KA205 и KA347 во 2018 година, се поместува за 15 февруари 2018 г, 12:00 часот (пладне) Средно-европско време.

Аплицирањето за акциите

  • KA108 -Акредитација на конзорциуми на високообразовни институции
  • KA110 -Акредитации на младински организации
  • KA103 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети
  • KA107 -Мобилност на студенти и наставен кадар на универзитети помеѓу програмски и партнерски земји на програмата Еразмус+
  • KA105 - Мобилност на младите
  • KA205 - Стратешки партнерства во областа на младите
  • KA347 - Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите

ќе се врши преку пополнување на онлајн веб формулари кои што се достапни на соодветната Веб страница на Европската комисија.

За дел од акциите, т.е.

  • KA101 - Мобилност на кадар во училишно образование
  • KA102 - Мобилност на ученици и наставен кадар во стручно образование и обука
  • KA116 - Мобилност на ученици и наставен кадар во стручно образование и обука oд институции што имаат добиено Повелба за стручно образование и обука
  • KA104 - Мобилност во областа на образованието на возрасни
  • KA135 - Стратешки мобилности во Европски Волонтерски Сервис

аплицирање ќе се изврши со пополнување на PDF електронските формулари кои што се достапни во изборникот Апликациски формулари 2018 на Веб страницата на Националната агенција.

Изработката на останатите апликациски формулари е во тек. Нашите корисници ќе бидат благовремено известени за официјалното објавување на истите и процесот на аплицирање.

 

Назад