Известување за универзитетите носители на еразмус универзитетски повелби

Почитувани носители на еразмус универзитетски повелби,

Согласно повикот со краен рок за аплицирање 01.02.2018 за пограмата Еразмус+ во делот на високообразование ICM – KA107 (мобилности помеѓу програмски и партнерски држави) при пополнување на електронските апликациски формулари пријавени и утрдени се аномалии од технички карактер.

Техничките аномалии во апликациските формулари се поврзани со погрешни буџетските пресметки каде се наведуваат поголем број на мобилности во различни држави во една апликација. Доколку апликантот премногу брзо избере различни држави од различни региони/енвелопи во тој случај голема е веројатноста да не се појават буџети, пресметките на буџетите да бидат погрешни или пак називите на државите да бидат различни од тие што ги имате селектирано.

Единствено решение за овој технички проблем е во тоа да почекате додека буџетот не биде пресметан при што можете да преминете кон селекција на нова држава/енвелоп.

Доколку апликацискиот формулар не Ви го пресметува буџетот согласно вметантите активности/мобилности можете да ја поднесете апликацијата без пресметани буџети согласно крајниот рок за поднесување на апликации.

               

Назад