ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање експерти за реализација на планираните активности од Европски трансфер систем за стручно образование и обука (ЕКВЕТ) за 2018 година

 

tl_files/docs/eplus/epdocs/ECVET/ecvet-logo.png

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на ЕКВЕТ, како и решението бр.25-362/2 од 14.03.2018 донесено од Директорката, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), како национален координатор за ЕКВЕТ во Република Македонија, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање експерти за реализација на планираните активности од Европскиот кредит систем за стручно образование и обука (ЕКВЕТ) за 2018 година (со можност за продолжување)

Европскиот кредит систем за стручно образование и обука (ЕКВЕТ)[1] е европски инструмент за промоција на заедничка доверба, мобилност и препознавање во стручното образование и обука. Овој систем го олеснува трансферот, признавањето и акумулацијата на проценетите резултати од учењето, го подобрува општото разбирање на резултатите од учењето на граѓаните, овозможува мобилност и преносливост во земјите во областа на доживотното учење, ја подобрува преносливоста на квалификациите на национално ниво меѓу различни сектори на економијата и на пазарот на трудот и придонесува за развој и проширување на европската соработка во образованието и обуката.

Условите за аплицирање, ангажирањето и активностите на ЕКВЕТ Експертите ќе се реализраат согласно важечките стандарди и координативните мрежни активности на ЕК.

Идеалниот кандидат/ка:

- Има најмалку 3 години искуство во истражувачка дејност во областа на образование, обука, млади, бизнис и невладин сектор која е во согласност со целите и приоритетите за развој на ЕКВЕТ системот, вклучувајќи го ЕКВЕТ за доживотно учење;

- Има практично искуство во спроведување активности и учествувал/а на национални и меѓународни конференции, семинари и обуки од областа на стручното образование и обука;

- Активно го познава англискиот јазик, со акцент на стручна терминологија од областа на стручното образование и обука. Познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност.

Која е улогата на експертите?

  1. Поддршка на националниот ЕКВЕТ тим во тековните активности;
  2. Мапирање и проширување листата на потенцијални корисници на ЕКВЕТ во Република Македонија;
  3. Креирање предлог план и програма за презентирање на ЕКВЕТ помеѓу потенцијалните корисници (презентации, состаноци, обуки);
  4. Развој и спроведување на методологија за подобрување курикулумите и плановите за стручна обука согласно принципите за учење базирано на стекнување вештини и модуларизација, и во насока на нивно усогласување со европските трендови за имплементација нa ЕКВЕТ, развој на нов силабус за обуките, акредитација на нови програми, обука на советници од надлежни јавни институции, обука на наставници и компании за имплементација на нови програми;
  5. Анализа на досегашните достигнувања и резултати во делот на легислативата, политиките, институционалното зајакнување и програмскиот развој во областа на стручното образование и обука во Република Македонија;
  6. Репортирање за реализирани активности – квартално;
  7. Редовни состаноци со НА – квартално.

Постапка за селекција

Јавниот Повик се објавува на веб страната на НАЕОПМ, проследен со формулар за аплицирање. Аплицирањето се врши по електронски пат на следната електронска адреса: info@na.org.mk, најдоцна до: 23.03.208. Селекцијата ја спроведува Комисија составена од непарен број членови назначени од Директорката на НАЕОПМ. Селекцијата се врши во неколку фази:

  1. Техничка проверка на легитимност,
  2. Квалитативна проценка на секоја поднесена пријава и придружните документи,
  3. Интервју- сите кандидати кои ги исполнуваат квалитативните критериуми ќе бидат поканети на интервју во НАЕОПМ.

Критериуми за избор по фази:

1. Проверка за легитимитет. Оваа фаза вклучува проверка на комплетноста на поднесената документација.  Се проверува достапност на сите потребни документи и усогласеност со барањата во Повикот, запазување на рокот за поднесување на документите и достапност на ЕКВЕТ Експертот, т.е. усогласување на работата како ЕКВЕТ експерт со другите професионални должности на апликантот. Апликациите кои ќе ја поминат оваа фаза, преминуваат во наредната фаза. 
2. Квалитативна проценка. Се врши квалитативна проценка на поднесената документација според следниве критериуми:

Критериуми за оценување

Максимум поени

Степен на познавање на англиски јазик

5

Оценување на професионалното искуство

5

Препораки од претходни работодавачи

5

Вкупно

15

Секој критериум се оценува на скала од 1 до 5 поени, при што 5 е највискока оценка, а 1 е најниска оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум. Предлозите кои добиле резултат од 8 поени (или пониски) нема да бидат земени во предвид во понатаможниот тек на одлучување.

3. Интервју. Кандидатите ќе бидат оценети според следниве критериуми:

Критериуми за оценување

Максимум поени

Комуникациски вештини

5

Познавање на областа за која се аплицира

5

Визија за развојна ЕКВЕТ

5

Вкупен број поени

15

Се оценува на скала од 1 до 5 поени, при што 5 е највискока оценка, а 1 е најниска  оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум.

За ангажирање на експерти се предлагаат кандидатите кои имаат  најголем број поени и нивниот број зависи од работната програма ЕКВЕТ. По спроведувањето на интервјуто, Комисијата подготвува извештај со конечна оценка на кандидатите, со предлог за склучување на договор со кандидатите кои добиле највисоки оценки, и потоа се  доставува на Директорката на НАЕОПМ за донесување на конечна одлука.

Објавување на резултати

• Резултатите од првата и втората фаза се испраќаат до апликантите по електронска пошта во рок од 10 работни дена по одобрувањето  од страна на Директорката на НАЕОПМ.

• Резултатите од третата фаза се објавуваат на веб-страницата на НАЕОПМ- http://na.org.mk/index.php/mk/ во рок од 10 работни дена по одобрувањето од страна на Директорката на НАЕОПМ.

Договорни услови

По направениот избор, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе склучи поединечен договор со секој избран експерт во кој ќе бидат дефинирани задачите и обврските, роковите за нивна реализација, како и финансиската поддршка во зависност од обемот на нивната работа.

Период на активности

Експертите ќе бидат ангажирани до 31 декември 2018 година, со можност на продолжување на нивните договори согласно потребите.

Како се аплицира за експерт?

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат предходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија со детален опис на реализираните активности во областа на истражувачка дејност во областа на образование, обука, млади, бизнис и невладин сектор која е во согласност со целите и приоритетите за развој на ЕКВЕТ системот, вклучувајќи го ЕКВЕТ за доживотно учење,
  • Потврда за познавање англиски јазик,
  • Список на објавени трудови,
  • Други документи кои се релевантни, а се поврзани со активноста на експертот.

Рок за аплицирање

Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи на електронската адреса: info@na.org.mk,  најдоцна до 23.03.2018.

Предмет: Повик за експерти за ЕКВЕТ 2018



[1] Во понатамошниот текс ќе се користи скратенката ЕКВЕТ

 

Назад