Јавен Повик за ангажирање експерти за учество во изработка на извештаи во рамките на мрежата ЕВРИДИКА за 2018 година

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на ЕВРИДИКА, како и решението бр. 19-360/2 од 14 март 2018 година, донесено од Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), како национален координатор за ЕВРИДИКА во Република Македонија, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање експерти за учество во изработка на извештаи во рамките на  мрежата ЕВРИДИКА за 2018 година (со можност за продолжување)

Мрежата Евридика ја поддржува и помага соработката на европско ниво во полето на доживотното учење, обезбедувајки информации за образовните системи и политики во 28 држави и преку изработка на студии за заедничките прашања во европските образовни системи. Студиите и извештаите на Евридика се тематски и компаративни низ повеќе аспекти карактеристични за образовните системи, како што се финансирање на образовните системи, учењето странски јазици, претприемничкото учење, граѓанското образование, европската перспективна на образовните системи, ИКТ во наставата, застапеноста на математиката, науката и технологијата во наставните планови, итн. Координацијата на Евридика е во надлежност на Извршаната агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура од Брисел. Мрежата се состои од 42 национални канцеларии во 38 европски држави. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е канцеларијата на Евридика за Република Македонија.

Условите за аплицирање, ангажирањето и активностите на ЕВРИДИКА-експертите ќе се реализраат согласно важечките стандарди и координативните мрежни активности на Европската комисија (ЕК) на централно ниво.

Идеалниот кандидат/ка:

-          Има стекнато најмалку ISCED 6 ниво на образование;

-          Има најмалку 10 години искуство во истражувачка дејност во областа на образование и обука која е во согласност со целите и приоритетите за развој на мрежата ЕВРИДИКА (фокус на предучилишно образование и грижа, дигитално образование, финансии и плати во образованието, наставни планови и програми, високо образование – финансирање/Болоња процес, интеграција на мигранти);

-          Има практично искуство во спроведување активности и учествувал/а на национални и меѓународни конференции, семинари и обуки од областа на образование и обука;

-          Активно го познава англискиот јазик, со акцент на стручната терминологија од областа на образованието и обуката. Познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност.

Која е улогата на експертите?

  1. Анализа на регулативата, прописите и практиките во националниот систем за образование и обука;
  2. Комуникација и соработка со надлежни институции во областа на образованието и обуката, релевантни за извештаите на Евридика;
  3. Соработка и консултации со НА како Евридика-канцеларија за Република Македонија во врска со дефинирањето на доменот и опсегот на извештаите;
  4. Обезбедување на податоци, информации и статистики за Евридика извештаите на национално ниво и доставување на истите до НА во форма на пополнети формулари;
  5. Толкување на регулативите и прописите поврзани со извештаите во кои експертот учествувал за потребите на НА или Извршаната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура;
  6. Учество по потреба на национални конференции за образовни политики.

Постапка за селекција

Јавниот Повик се објавува на веб страницата на НАЕОПМ, проследен со формулар за аплицирање. Аплицирањето се врши по електронски пат на следната електронска адреса: info@na.org.mk, најдоцна до: 23 март 2018г.. Селекцијата ја спроведува Комисија составена од непарен број членови именувани од Директорката на НАЕОПМ. Селекцијата се врши во неколку фази:

  1. Техничка проверка;
  2. Квалитативна проценка на секоја поднесена пријава и придружните документи;
  3. Интервју- сите кандидат/ки кои ги исполнуваат квалитативните критериуми ќе бидат поканети на интервју во НАЕОПМ.

Критериуми за избор по фази:

1. Техничка проверка. Оваа фаза вклучува проверка на комплетноста на поднесената документација. Се проверува достапноста на сите потребни документи и нивната усогласеност со Повикот, запазувањето на рокот за поднесување на документите и достапноста на ЕВРИДИКА-експертот, т.е. усогласување на работата како ЕВРИДИКА-експерт со другите професионални должности на апликантот. Апликациите кои ќе ја поминат оваа фаза, преминуваат во следната фаза.

2. Квалитативна проценка. Се врши квалитативна проценка на поднесената документација според следниве критериуми:

Критериуми за оценување

Максимум бодови

Степен на познавање на англиски јазик

10

Оценување на професионалното искуство

15

Препораки од претходни работодавачи

5

Вкупен број на бодови

30

Секој критериум се оценува на скала од 1 до 5 поени, при што 5 е највисока оценка, а 1 е најниска оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум. Предлозите кои добиле резултат од 8 бода (или помалку) нема да бидат земени предвид во натамошниот тек на одлучување.

3. Интервју. Кандидат/ките ќе бидат оценети според следниве критериуми:

Критериуми за оценување

Максимум бодови

Комуникациски вештини

5

Познавање на областа за која се аплицира

5

Визија за промоција на ЕВРИДИКА и употребливоста на извештаите

5

Вкупен број бодови

15

Се оценува на скала од 1 до 5 бода, при што 5 е највисока оценка, а 1 е најниска  оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум.

За ангажирање на експерти се предлагаат кандидат/ките кои имаат  најголем број бодови и нивниот број зависи од работната програма ЕВРИДИКА. По спроведувањето на интервјуто, Комисијата подготвува извештај со конечна оценка на кандидат/ките, со предлог за склучување на договор со кандидат/ките кои добиле највисоки оценки и потоа се доставува на Директорката на НАЕОПМ за донесување на конечна одлука.

Објавување на резултати

• Резултатите од првата и втората фаза се испраќаат до апликантите по електронска пошта во рок од 10 работни дена по одобрувањето  од страна на Директорката на НАЕОПМ.

• Резултатите од третата фаза се објавуваат на веб-страницата на НАЕОПМ- http://na.org.mk/ во рок од 10 работни дена по одобрувањето од страна на Директорката на НАЕОПМ.

Договорни услови

По направениот избор, НАЕОПОМ ќе склучи поединечен договор со секој избран експерт во кој ќе бидат дефинирани задачите и обврските, роковите за нивна реализација, како и финансиската поддршка во зависност од обемот на нивната работа.

Период на активности

Експертите ќе бидат ангажирани до 31 декември 2018 година, со можност за продолжување на нивните договори согласно потребите.

Како се аплицира за експерт?

Сите заинтересирани кандидат/ки кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи:

  1. Кратка биографија во ЕВРОПАС формат (англиска верзија) со детален опис на реализираните истражувачки активности во областа на  на образованието и обуката;
  2. Потврда за познавање на англиски јазик;
  3. Список на објавени трудови, учества на конференции и проекти;
  4. Други документи кои се релевантни, а се поврзани со активноста на експертот.

Рок за аплицирање

Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи на електронската адреса: info@na.org.mk,  најдоцна до 23 март 2018 со назнака за предмет на електронската порака „Предмет: Повик за експерти за ЕВРИДИКА 2018“.

 

 

 

 

 

Назад