ЈАВЕН ПОВИК за дополнување на база на ангажирани експерти во рамките на мрежата ЕВРИДИКА

14-01-2020 13:51

Врз основа на предвидените цели и задачи за имплементација на ЕВРИДИКА, како и решението бр. 18-59/2 од 14 јануари 2020 година, донесено од Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), како национална единица за ЕВРИДИКА во Република Северна Македонија, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за дополнување на база на  ангажирани експерти во рамките на мрежата ЕВРИДИКА

 

Мрежата Евридика ја поддржува и помага соработката на европско ниво во полето на доживотното учење, обезбедувајки информации за образовните системи и политики во 28 држави и преку изработка на извештаи и студии за заедничките прашања во европските образовни системи. Мрежата се состои од 42 национални канцеларии во 38 европски држави. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е Национална единица на Евридика на Република Северна Македонија. Координацијата на Евридика е во надлежност на Извршаната агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура од Брисел. Студиите и извештаите на Евридика се тематски и компаративни низ повеќе аспекти карактеристични за образовните системи. Во следниот период мрежата Евридика започнува со изработка на тематски извештај за образование на возрасни и тематски извештај за наставен кадар.

Согласно тоа потребна е експертиза за следните области:

  1. Oбразование за возрасни
  2. Улогата на наставниот кадар во образовниот систем

Условите за аплицирање, ангажирањето и активностите на ЕВРИДИКА-експертите ќе се реализираат согласно важечките стандарди и координативните мрежни активности на Европската комисија (ЕК) на централно ниво.

Идеалниот кандидат/ка:

-          Има стекнато најмалку ISCED 6 ниво на образование;

-          Има најмалку 10 години искуство во истражувачка дејност во областа на образование и обука, која е во согласност со целите и приоритетите за развој на мрежата ЕВРИДИКА;

-          Има докажано искуство во областа на образованието за возрасни, која е во согласност со целите и приоритетите за развој на мрежата ЕВРИДИКА во областа на образованието за возрасни (доколку кандидатот аплицира за експерт за образование за возрасни);

-          Има докажано искуство поврзано со улогата на наставниот кадар во образовниот систем, која е во согласност со целите и приоритетите за развој на мрежата ЕВРИДИКА возрасни (доколку кандидатот аплицира за експерт за улогата на наставниот кадар во образовниот систем);

-          Има практично искуство во спроведување активности и учествувал/а на национални и меѓународни конференции, семинари и обуки од областа на образование и обука;

-          Активно го познава англискиот јазик, со акцент на стручната терминологија од областа на образованието и обуката. Познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност.

Која е улогата на експертите?

  1. Анализа на регулативата, прописите и практиките во националниот систем за образование и обука;
  2. Комуникација и соработка со надлежни институции во областа на образованието и обуката, релевантни за извештаите на Евридика;
  3. Соработка и консултации со НА како Национална единица на Евридика за Република Северна Македонија во врска со дефинирањето на доменот и опсегот на извештаите;
  4. Обезбедување на податоци, информации и статистики за Евридика извештаите на национално ниво и доставување на истите до НА во форма на пополнети формулари;
  5. Толкување на регулативите и прописите поврзани со извештаите во кои експертот учествувал за потребите на НАЕОПМ или Извршната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура;
  6. Учество по потреба на национални конференции за образовни политики.

 

Постапка за селекција

Јавниот Повик се објавува на веб страницата на НАЕОПМ. Аплицирањето се врши по електронски пат на следната електронска адреса: eksperti2020evridika@na.org.mk, најдоцна до: 19 јануари 2020 година (23 часот и 59 минути). Селекцијата ја спроведува Комисија составена од непарен број членови именувани од Директорката на НАЕОПМ. Селекцијата се врши во неколку фази:

  1. Техничка проверка;
  2. Квалитативна проценка на секоја поднесена пријава и придружните документи;
  3. Интервју- сите кандидат/ки кои ги исполнуваат квалитативните критериуми ќе бидат поканети на интервју во НАЕОПМ.

Критериуми за избор по фази:

  1. Техничка проверка. Оваа фаза вклучува проверка на комплетноста на поднесената документација. Се проверува достапноста на сите потребни документи и нивната усогласеност со Повикот, запазувањето на рокот за поднесување на документите и достапноста на ЕВРИДИКА-експертот, т.е. усогласување на работата како ЕВРИДИКА-експерт со другите професионални должности на апликантот. Апликациите кои ќе ја поминат оваа фаза, преминуваат во следната фаза. 
  2. Квалитативна проценка. Се врши квалитативна проценка на поднесената документација според следниве критериуми:

 

Критериуми за оценување

Максимум бодови

Степен на познавање на англиски јазик

10

Оценување на професионалното искуство

15

Оценување на специфично професионално искуство – образование за возрасни или наставен кадар

15

Препораки од претходни работодавачи

5

Вкупен број на бодови

45

 

Секој критериум ќе се оценува на начин при што 15 е највисока оценка, а 1 е најниска оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум. Предлозите кои добиле резултат од 20 бода (или помалку) нема да бидат земени предвид во натамошниот тек на одлучување.

 

  1. Интервју. Кандидат/ките ќе бидат оценети според следниве критериуми:

 

Критериуми за оценување

Максимум бодови

Комуникациски вештини

5

Познавање на областа за која се аплицира

10

Визија за промоција на ЕВРИДИКА и употребливоста на извештаите

5

Вкупен број бодови

20

Резултатите од интервјуто ќе се оценуваат на начин при што 10 е највисока оценка, а 1 е најниска оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум.

За ангажирање на експерти се предлагаат кандидат/ките кои имаат  најголем број бодови и нивниот број зависи од работната програма ЕВРИДИКА. По спроведувањето на интервјуто, Комисијата подготвува извештај со конечна оценка на кандидат/ките, со предлог за склучување на договор со кандидат/ките кои добиле највисоки оценки и потоа се доставува на Директорката на НАЕОПМ за донесување на конечна одлука.

Договорни услови

По направениот избор, НАЕОПМ ќе склучи поединечен договор со секој избран експерт во кој ќе бидат дефинирани задачите и обврските, роковите за нивна реализација, како и надоместокот во зависност од обемот на нивната работа.

Период на активности

Експертите ќе бидат ангажирани согласно потребите на постоечката база на експерти на Евридика.

Како се аплицира за експерт?

Сите заинтересирани кандидат/ки кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи:

  1. Кратка биографија во ЕВРОПАС формат (на англиски јазик) https://europass.cedefop.europa.eu/documents/curriculum-vitae  со детален опис на реализираните истражувачки активности во областа на образованието и обуката;
  2. Потврда за познавање на англиски јазик;
  3. Список на објавени трудови, учества на конференции и проекти;
  4. Други документи кои се релевантни, а се поврзани со активноста на експертот.

Рок за аплицирање

Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи на електронската адреса: eksperti2020evridika@na.org.mk, најдоцна до: 19 јануари 2020 година (23 часот и 59 минути) со назнака за предмет на електронската порака „Предмет: Дополнителен Повик за експерти за ЕВРИДИКА 2020“.

Апликантите ќе добијат соодветна потврда за прием на нивната пријава по електронска пошта.

Апликантите ќе бидат навремено информирани за резултатите од процесот на селекција.

Одбиените апликанти имаат право на жалба во рок од 8 дена по приемот на известувањето од НАЕОПМ на електронската адреса: eksperti2020evridika@na.org.mk, со назнака за предмет на електронската порака „Предмет: Жалба за Дополнителен Повик за експерти за ЕВРИДИКА 2020“.

Назад