ЈАВЕН ПОВИК за избор на Амбасадори/ки на акцијата еТвининг

Врз основа на Решение  бр.20-109/2  донесено на 23.01.2018 од Директорката, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за Амбасадори/ки на акцијата еТвининг

 

Во согласност со работната програма за 2017-18г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено селекција на 10 нови еТвининг амбасадори/ки во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на акцијата еТвининг како составен дел на програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Главна обврска на еТвининг амбасадорите/ките ќе биде активно да соработуваат со Националната агенција во процесот на промоција на еТвининг акцијата во Република Македонија, во зголемувањето на членството во еТвининг на национално ниво, во зголемувањето на бројот на еТвининг проекти и подобрување на нивниот квалитет, во зголемување на присутноста на настаните организирани од страна на Националната Агенција и еТвининг мрежата во Р.Македонија.

Кој може да аплицира?

Подобни да аплицираат се наставници од сите основни и средни училишта и установи за претшколска возраст во Република Македонија, кои треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

  • Лицето да биде регистрирано како активен член на еТвининг заедницата на порталот eTwinning.net;
  • Лицето да има најмалку два регистрирани проекти во еТвининг 2017-2018;
  • Лицето да има познавања на барем еден од трите работни јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • Лицето да има добри презентациски, организациски и комуникациски вештини;
  • Лицето да има интерес и мотивација да биде еТвининг амбасадор/ка и со тоа да биде подготвен/а да го сподели своето искуство со свои колеги на национално и европско ниво;
  • Да биде подготвен/а да учествува на настани за обука на национално и европско ниво;
  • Лицето да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.
  • Предност ќе имаат кандидати/ки кои се надвор од Скопскиот регион

Која е улогата на амбасадорите?

Главната улога на еТвининг амбасадорите/ките е реализација на активности преку кои ќе се даваат информации на регионално ниво за можностите и целите на акцијата еТвининг како дел од програмата Еразмус+

  • Заедно со Националниот сервис за поддршка на еТвининг на Република Македонија (Националната агенција за европски образовни програми и мобилност) да учествуваат во промоцијата на еТвининг акцијата на настани во организација на Националната агенција;
  • На барање на потенцијалните корисници да обезбедат информации за прашања поврзани со акцијата еТвининг;
  • Да даваат придонес во анализите и истражувањата поврзани со акцијата еТвининг, кои се организирани од страна на  на Националната агенција;
  • Промоција на можностите на акцијата еТвининг преку отстапување простор за истата на промотивни настани организирани од страна на нивната организација/институција или други активности каде се вклучени потенцијални корисници на програмата;
  • Активна соработка и размена на информации за добри практики и искуства со другите амбасадори/ки кои ќе бидат избрани од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

Период на активности

еТвининг амбасадорите/ките ќе бидат ангажирани за периодот од 01 февруари 2018 до 31 декември 2018 година.

Начин и рок за аплицирање?

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на следната адреса  mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 29 јануари 2018г – 16.00 часот, следните документи:

  • Пополнет формулар за апликација и потпишан од кандидатот (скениран во пдф формат);
  • Биографија на кандидатот во ЕУРОПАС формат;
  • Сертификати од проекти и активности поврзани со еТвининг за 2017-2018 година

 

 

Назад