ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвининг амбасадори за еТвининг годишна конференција во Варшава - Полска 25-27 октомври 2018г

Врз основа на Решение  бр. 20-914/2 од 23.07.2018, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на двајца (2) еТвининг амбасадори за еТвининг годишна конференција во Варшава - Полска 25-27 октомври 2018г

Во согласност со работната програма за 2017-18г. Националната агенција за европски образовнипрограми има предвидено учество на двајца (2)еТвининг амбасадори  на  еТвининг годишна конференција во Варшава- Полска 25-27 октомври 2018г. Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

Кој може да аплицира?

Подобни да аплицираат се еТвининг амбасадори од Република Македонија, кои треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

  • Лицето да е член на мрежата на еТвининг амбасадори;
  • Лицето да биде регистрирано како активен член на еТвининг заедницата на порталот eTwinning.net;
  • Лицето да има одржано еТвининг мини конференција
  • Лицето да има најмалку еден завршен проект во еТвининг;
  • Лицето да има стекнато ознака за квалитет во рамките на еТвининг акцијата;
  • Лицето да има одлично познавање на англиски јазик;
  • Лицето да има добри презентациски, организациски и комуникациски вештини;
  • Лицето да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.

Период на активноста

еТвининг годишната конференција ќе се одржи во Варшава-Полска од 25-27 октомври 2018г

Начин и рок за аплицирање?

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 27 јули 2018г – 16.00 часот, следните документи:

  • Биографија на кандидатот во ЕУРОПАС формат;
  • Сертификат дека сте еТвининг амбасадор
  • Скенирана ознака за квалитет за еТвининг проект 

 

 

Назад