ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвининг наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг годишна конференција во Мандалеу - Франција 24-26 октомври 2019г

19-08-2019 15:39

 Врз основа на Решение  бр. 20-981/3 од  31.07.2019, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на двајца (2) еТвининг наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг годишна конференција во Мандалеу - Франција 24-26 октомври 2019г

 Во согласност со работната програма за 2019-2020г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено учество на двајца (2) еТвининг наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг годишна конференција во Мандалеу - Франција 24-26 октомври 2019г. Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

 

Кој може да аплицира?

 

Подобни да аплицираат се еТвининг наставници од училишта кои има добиено еТвининг ознака за училиште од Република Северна Македонија, кои треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

 

-          Лицето да е регистрирано во еТвининг порталот

-          Лицето да е вработено во училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште;

-          Лицето да има најмалку еден проект во еТвининг кој има добиено ознака за квалитет;

-          Лицето да има одлично познавање на англиски јазик;

-          Лицето да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.

 

 

При одбирање на учесниците, предност ќе им се даде на кандидатите кои досега немаат учествувано на еТвининг семинари и работилници во странство.

 

 

Период на активноста

 

 еТвининг годишната конференција ќе се оддржи во Мандалеу - Франција 24-26 октомври 2019г

 

Начин и рок за аплицирање?

 

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта dragica.ivanovska@na.org.mk најдоцна до 10.09.2019г – 16.00 часот, следните документи:

  • Биографија на кандидатот во ЕВРОПАС формат;
  • Сертификат дека сте еТвининг училиште (доколку го имате, доколку не ќе го ивадиме од нашата дата база)
  • Скенирана ознака за квалитет за еТвининг проект 

 

 

Назад