ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвинингнаставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г

Врз основа на Решение  бр. 20-373/2 од 04.03.2019, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на двајца (2) еТвинингнаставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г

Во согласност со работната програма за 2019-20г. Националната агенција за европски образовнипрограми има предвидено учество на двајца (2) еТвининг наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г. Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски. 

Кој може да аплицира?

Подобни да аплицираат се еТвининг наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште од Република Северна Македонија, кои треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми: 

  • Лицето да е регистрираново еТвининг порталот
  • Лицето да е вработено во училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште;
  • Лицето да има најмалку еден проект во еТвининг кој има добиено ознака за квалитет;
  • Лицето да има одлично познавање на англиски јазик;
  • Лицето да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.

При одбирање на учесниците, предност ќе им се даде на кандидатите кои досега немаат учествувано на еТвининг семинари и работилници во странство.

Период на активноста

 

 еТвининг тематкса конференција ќе се оддржи во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г

 

Начин и рок за аплицирање?

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 11.03 2019г – 16.00 часот, следните документи:

  • Биографија на кандидатот во ЕУРОПАС формат;
  • Сертификат дека сте еТвининг училиште (доколку го имате, доколку не ќе го ивадиме од нашата дата база)
  • Скенирана ознака за квалитет за еТвининг проект 

 

 

Назад