ЈАВЕН ПОВИК за избор на тројца (3) наставници за учество на PDW (eTwinning Professional Development Workshop) на тема“Digital Competences & IT Didactics” во Виена - Австрија од 11-13 декември 20

27-11-2019 11:33

 Врз основа на Решение  бр. 20-1531/2 од  27.11.2019, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК

за избор на тројца (3)наставници, од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште, да заминат на PDW (eTwinning Professional Development Workshop) на тема“Digital Competences & IT Didactics”  во Виена - Австрија  од 11-13 декември 2019 г .

Во согласност со работната програма за 2019-2020г., Националната агенција за европски образовни програми има предвидено учество на тројца (3) наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште,на PDW(eTwinnning Professional Development Workshop) за “Digital Competences & IT Didactics” во Виена - Австрија  од 11-13 декември 2019 г.Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 Работен јазик на настанот ќе биде англискиот.

 Кој може да аплицира?

 Подобни да аплицираат се еТвининг наставници од училиште, кое има добиено еТвининг ознака за училиште од Република Северна Македонија, кои треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

 -          Лицето да е наставник во училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште

-          Лицето да е регистрирано во еТвининг порталот

-          Лицето да има најмалку еден проект во еТвининг кој има добиено ознака за квалитет;

-          Лицето да има одлично познавање на англиски јазик;

 При одбирање на учесниците, предност ќе им се даде на кандидатите кои досега немаат учествувано на еТвининг семинари и работилници во странство.

 Период на активноста

 еТвининг PDW (eTwinning Professional Development Program) на тема “Digital Competences & IT Didactics”  што ќе се оддржи во Виена, Австрија  од 11-13 декември 2019 г.

 Начин и рок за аплицирање?

 Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта dragica.ivanovska@na.org.mk најдоцна до 29.11.2019, следните документи:

        * Биографија на кандидатот во ЕВРОПАС формат;

  • Скенирана ознака за квалитет за еТвининг проект 

Назад