Јавен повик за поднесување апликации за учество на еТвининг семинар во Португалија

Врз основа на Решение  бр. 20-531/3 од 22.05.2017 донесена од В.Д Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК

за ибор на двајца (2) еТвининг амбасадори за eТвининг семинар во Лисабон-Португалија 22-24 јуни 2017г,

Во согласност со работната програма за 2017г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено учество на двајца (2)еТвининг амбасадори за eТвининг семинар во Лисабон-Португалија 22-24 јуни 2017г.Семинатрот е наменет за наставници од сите наставни предмети кои се заинтересирани за учење на нови методологии .Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

Кој може да аплицира?

Подобни да аплицираат се наставници од сите основни и средни училишта, и установи за претшколска возраст во Република Македонија, и треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

-          Кандидатот да е член на мрежата на еТвининг амбасадори;

-          Кандидатот да биде регистриран како активен член на еТвининг заедницата на порталот eTwinning.net;

-          Кандидатот има најмалку два регистрирани проект во еТвининг;

-          Кандидатот треба да има стекнати награди во рамките на еТвининг акцијата;

-          Кандидатот да има одлично познавање на англиски јазик;

-          Кандидатот да има добри презентациски, организациски и комуникациски вештини;

-          Кандидатот да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.


Период на активноста

еТвининг семинарот ќе се оддржи во Лисабон-Португалија од 22-24 јуни 2017г.

Начин и рок за аплицирање?

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 29 мај 2017г – 16.00 часот, следните документи:

  • Биографија на кандидатот во ЕУРОПАС формат;
  • Доказ дека сте еТвининг амбасадор
  • Скенирани 2 сертификати од еТвининг проекти

Назад