Јавен повик за селекцијата на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативи на Европската унија

Врз основа на Решението за објавување јавен повик бр. 18-1211/2 од 04.10.2018 година, како и предвидените цели и задачи за импелементација на работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Комисија – Еразмус+, Еврогајденс, Европас и Евридика, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) објавува:

Јавен повик

за селекцијата на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативи на Европската унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност избира правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативи на Европската унија. Под логистичка поддршка се подразбира избор на правно лице кое ќе врши активности за реализација на настаните наведени во работните програми за погоренаведените програми и иницијативи во смисол организирање на транспорт на учесници и материјали потребни за настаните, обезбедување сместување со ноќевање на учесниците  (хотел, конференциска сала, соодветна просторија за одржување на настанот во зависност од целта и бројот на учесници.), кетеринг услуги и потребна опрема за одржување на настани и доколку е потребно лице за симултан превод.

Расположливиот буџет за јавниот повик е 100.000 евра за период до 31.12.2018 година, предвидениот буџет може и да не се искористи во целост во зависност од настаните. Планот на активности и достапен на следниот линк.

 

Постапка за селекција

Аплицирањето се врши по електронски пат на следната електронска адреса: javenpovik2018@na.org.mk, најдоцна до: 09.10.2018 до 16.30ч.

Селекцијата ја спроведува Комисија за избор на правно лице за логистичка поддршка.

Комисијата, веднаш по завршување на периодот за поднесување на апликации а најдоцна во рок од 24 часа од затворање на повикот, ќе изготви записник за поднесени апликации.

Членовите на Комисијата ги разгледуваат апликациите дали се навремени и доставени во пропишаната форма заедно со придружната документација како што е наведено во Повикот. Понатаму, ги оценуваат документи врз основа на систем на оценување и даваат конечна оценка за соодветната апликација.

Комисијата изготвува ранг листа, бодувањето за ранг листата е на следниот принцип:

Критериуми за оценување

Максимум бода

Договори на правното лице во врска со логистичка поддршка *

30

Оценување на професионалното искуство*

15

Препораки од трети лица*

5

Вкупен број на бодови

50

  • 5 бода за секој  реализиран договор најмногу до 30
  • 1 Бод за секоја година активно искуство најмногу до 15
  • 1 Бод за секоја препорака, најмногу до 5 бода

Се оценува на скала од 1 до 15 бода, при што 15 е највисока оценка, а 1 е најниска  оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум.

За ангажирање на правно лице за логистичка поддршка се предлага субјектот кој  има  најголем број бодови. Комисијата доколку процени од апликантите може да побара дополнителни документи потребни за постапката. Во случај две апликации да освојат ист број на бодови приоритет ќе има порано поднесената апликација.

Начин на аплицирање

Кандидатите го превземаат апликациониот формулар од Веб страната на Националната агенција, кој е составен дел на јавниот повик

Покрај апликационен формулар заинтересираните субјекти задолжително доставуваат:

  • тековна состојба не постара од 6 месеци;
  • склучени договори на правното лице во врска со логистичка поддршка; и
  • препораки од трети лица.

Дополнителни прашања во врска со овој Јавен повик може да се постават на следната електронска адреса: javenpovik2018@na.org.mk

Во врска со изборот сите учесници во повикот со Известување се информираат за изборот и во прилог се доставува Решението за избор во кое се даваат и насоки за понатамошните чекори.

 

Назад