ЈАВЕН ПОВИК за Еуродеск информативни центри во Република Македонија

Врз основа на Решение  бр. 27-11/2 од 04.01.2018г. донесено од Директорката,  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

Ј А В Е Н П О В И К

за Еуродеск информативни центри во Република Македонија за 2018 година

Еуродеск е бесплатен сервис за пласирање и дисеминација на информации, кои се достапни преку платформи за информирање и има за цел на младите луѓе и оние кои работат со нив да им обезбеди информации за можностите и мобилноста од Европските програми.

Мрежата Еуродеск денес се состои од 34 национални партнери, кои имаат поддршка на координативната единица во лоцирана во Брисел (Еуродеск Брисел Линк) со повеќе од 1600 регионални и локални партнерски организации од цела Европа. Сите единици се меѓусебно поврзани преку интерна комуникациска мрежа, а воедно бесплатно и единствено само партнерите може да го користат.

Со пристапување кон Еуродеск мрежата, координативното тело Еуродеск центарот во Македонија има предвидено формирање на 3 (три)  Еуродеск информативни центри во Република Македонија кои ќе реализираат активности во рамките на мрежата Еуродеск. Еуродеск информативните центри се тела кои ќе работат на локално и национално ниво во Македонија, ќе обезбедуваат информации за младите поврзани со Европските програми и ќе остваруваат контакти со заинтересираните преку средби или достапните алатки на Еуродеск. Сите Еуродеск информативни центри кои ќе бидат избрани за своите услуги не добиваат финансиска поддршка.

Кој може да аплицира

Здруженија на граѓани, локални и регионални тела, кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Апликантот да е правно лице кое е регистрирано во централен регистар на Република Македонија;
  • Да е активен најмалку 1 година до денот на објавување на Јавниот повик;
  • Да има административен капацитет за реализација на обврските, и тоа:
    • Постојан пристап до интернет, можност за редовна електронска комуникација;
    • Веб страница на која ќе има посебен простор за визуелен идентитет на Еуродеск мрежата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност;
    • Редовно и навремено ажурирање на новости и информации;
  • Да имаат познавање на состојбите во кои делуваат и посебно да имаат можност за воспоставување на непосреден контакт со заинтересирани лица;
  • Да имаат воспоставена комуникација со релевантни институции на локално, регионално и национално ниво кои учествуваат во креирањето и имплементирањето можностите за мобилност преку Европските програмите. 

Која е улогата на Еуродеск информативните центри

Главна улога на Еуродеск информативните центри е реализација на активности и настани преку кои ќе се врши дисеминација на информации на национални и регионално ниво за можностите преку Европските програми.

  • Промовирање и дисеминација на европските информации за младите;
  • Соработка со други организации во полето на млади;
  • Редовна соработка преку интранет софтверот (прва класа) понуден од мрежата Еуродеск, прибирање на локални и национални информации насочени кон младите и кои имаат европска димензија;
  • Редовно објавување на релевантни информации на англиски и македонски јазик преку Младинскиот европски портал;
  • Навремена поддршка кон заинтересираните лица, размена на информации со центрите од другите земји, пристап до базата за партнери за Европските програми како и пристап до понуди и информации за вработување;
  • Дисеминација на услуги и информации во соработка со Еуродеск центарот во Македонија, а поврзани со Европските програми;
  • Организирање на настани/советувања/презентации или други активности за потенцијални корисници на регионално и локално ниво во соработка со Еуродеск центарот во Македонија;
  • Давање на постојана техничка помош;
  • Активно учество на тренинзи/семинари организирани од Еуродеск центарот на национално или мрежата Еуродеск на меѓународно ниво;

 Период на активности

Еуродеск информативните центри ќе бидат ангажирани до 31 декември 2018 година, со можност на продолжување на нивните договори.

Правата и обврските помеѓу Еуродеск информативните центри и Еуродеск центарот во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе бидат регулирани со договор кој  ќе биде потпишан од овластени лица на двете страни.

 Како се аплицира Еуродеск информативен центар

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат предходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи по пошта во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност:

  • Пополнета апликациска форма достапна на следниов линк;
  • Мотивационо писмо (зошто сакам да бидам Еуродеск информативен центар максумум 500 зборови);

Рок за аплицирање

Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи не покасно од 21 јануари 2018 година (датум на поштенска пратка).

 

Назад