Како да аплицирате за програмата Европски солидарен корпус

tl_files/docs/eplus/2019/images/esc-logo-en.pngПрограмата Европскиот солидарен корпус е отворена за кој било јавен или приватен субјект, во држава-учесничка или држава-партнер, без оглед дали е непрофитен или профитен, локален, регионален, национален или меѓународен, кој со своите активности работи на решавање на важни општествен предизвици, во корист на заедницата или општеството како целина. 

Водичот за програмата Европски солидарен корпус се наоѓа на следниот линк: 

 https://ec.europa.eu/youth/sites/youth/files/library/documents/european-solidarity-corps-guide-2019_en.pdf 

Апликантите од Северна Македонија имаат можност за аплицираат во Националната агенција за европски образовни програми (аплицирањето е електронски , за повеќе детали погледнете го Водичот за програмата) во следните 2 рока за аплицирање: 

-       30 април 2019

-       1 октомври 2019 

Доколку за прв пат аплицирате за некоја од програмите на ЕУ потребно е да креирате  PIC број.

ü  PIC бројот (Личен идентификациски код) е 9-цифрен број за идентификација, кој ви овозможува да пристапувате до интернет формулари за аплицирање. За да го добиете, регистрирајте се на порталот за учесници на Европската комисија. За повеќе информации погледнете го следниот линк:

http://ec.europa.eu/education/participants/portal/desktop/en/organisations/register.html

Заинтересираните апликанти од Северна Македонија во текот на 2019 можат да аплицираат за два вида на проекти: 

  • Волонтерски проекти
  • Солидарни проекти  

Волонтерски проекти

Сите организации кои имаат добиено валидна ЕВС Акредитација може да аплицираат за Волонтерски проекти, а за повеќе детали погледнете го Водичот за програмата од стр. 22 до стр.33. 

https://ec.europa.eu/youth/sites/youth/files/library/documents/european-solidarity-corps-guide-2019_en.pdf

Субјектите кои имаат интерес да работат со волонтери и да аплицираат за Волонтерски проекти,  но немаат валидна ЕВС Акредитација потребно е да аплицираат за добивање на Ознака за квалитет

ü  Ознаката за квалитет обезбедува усогласеност со принципите и целите на програмата, ви овозможува да пристапувате до базата на податоци за млади луѓе и да аплицирате за финансирање. За да добиете ознака, аплицирајте преку интернет до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ќе бидат потребни околу 6 недели Вашата апликација за Ознака за квалитет да биде обработена од страна на вработените во НА. За повеќе детали погледнете го Водичот за програмата од стр. 16 до стр.20.  

https://ec.europa.eu/youth/sites/youth/files/library/documents/european-solidarity-corps-guide-2019_en.pdf

Солидарни проекти

Сите заинтересирани субјекти може да аплицираат за Солидарни проекти, а за повеќе детали погледнете го Водичот за програмата од стр. 45 до стр.50. 

https://ec.europa.eu/youth/sites/youth/files/library/documents/european-solidarity-corps-guide-2019_en.pdf 

Како да пристапите до електронските апликации ? 

На следниот линк се наоѓаат електронските апликации и за да пристапите до нив го користите претходно креираниот PIC број , пристапувате со електронска адреса и лозинка која ја користите за PIC број. 

https://webgate.ec.europa.eu/cas/login 

Ви посакуваме успешни прокти,  

 

 

Назад