КАМП НА ИНОВАЦИИ - НАТПРЕВАР НА СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/delcevo/1.png

Петок, 29 март 2019 година

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Колекеска Маја, учествуваше во жири комисијата на натпревар за средношколци за претприемнички вештини, што се одржа на 27 март 2019, во Делчево.

На натпреварот учествуваа 100 ученици од 21 среднo училиштe од територијата на целата држава поделени во 20 тима од по 5 ученици, каде со помош на 12 бизнис волонтери работеа интензивно на поставен предизвик.

Во секој тим учествуваа средношколци од различни училишта и различни градови, кои се натпреваруваа со свои иновативни бизнис решенија.

Сите 20 тима, во завршниот дел на овој еднодневен настан, пред жири комисијата, ги презантираа своите креативни бизнис идеи и на трите најдобри тима им беа доделени награди.

Организатор на настанот беше Џуниор Ачивмент Македонија во соработка со Општина Делчево.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/delcevo/22.jpg

Назад