Комениус - Контакт семинар во Хершинг, Германија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира едно (1) место на Контакт семинар кој ќе се одржува во Хершинг (Herrsching) Германија од 18 до 21 Октомври 2012 година.

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за ова место преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна осум (8) недели пред 1 август, односно најдоцна до 4 јуни 2012.

Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се средните училишта во општото образование.

Во прилог на ова известување: 

На следниов линк можете да ја преземете апликацијата за акцијата Подготвителни посети

Повеќе информации за акцијата Подготвителни посети можете да најдете на следниов линк

Линк до Повикот за предлог проекти за Програмата Доживотно учење на Европската комисија.

 

Назад