Леонардо да Вични - Контакт семинар во Велика Британија

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги кофинансира учествата на контакт семинарите, кои што ги организираат Националните агенции за програмата „Доживотно учење“, а со цел учесниците да стекнат дополнителни информации за можностите на европската соработка, воспоставувањето на контакти со меѓународни партнери и развивањето на меѓународните проекти.

    Контакт семинарот: Враќање на учењето, враќање на работата, ги поканува сите Европски организации кои работат во полето на стручното образование и обука и имаат цел да развијат проекти за партнерства во следните области: 

  • Подобрување на пристапот до образованието и пазарот на труд;
  • Трансфер и адаптација на постоечките системи за образование и обука, со цел да се задоволат потребите на ранливите групи;
  • Развој на поблиски врски со светот на образование и работа;
  • Разграничување на формално, неформално и информално учење;
  • Повторно ангажирање ученици преку формално, неформално и информално учење;
  • Зголемување на атрактивноста на стручното образование и обука.  

Овој семинар ќе се фокусира на развојот на проектите за Партнерства од програмата Леонардо да Винчи.

Темата на контакт семинарот е објаснета преку: Враќање на учењето, враќање на работата (Back to Learning: Back to Work).

Тековна состојба на насловот на Контакт семинарот: 

  • 80 милиони луѓе во Унијата живеат под линијата на сиромаштијата;
  • 80 милиони ниско-квалификувани возрасни лица чија маргинализација на иднината се зголемува со што во Европа ќе се посвети внимание на интензивни работни места базирани на знаење;
  • Просечната стапка во ЕУ за учество на возрасните во образованието постепено се намалува од 9,8% во 2005та година на 9,1% во 2010та година (со големи варијации од земја во земја). 

Контакт семинарот ќе се одржи од 4 до 7 Јули 2012 во Бирмингем, Велика Британија.

Овој контакт семинар за Леонардо Да Винчи ќе ви овозможи: 

  •  Запознавање со партнери;
  •  Дефинирање на предметот и целите за иден проект;
  •  Вклучување на дебата за различни теми;
  •  Запознавање со примери од добри (успешни) пракси и
  •  Развивање на деловен план за иден проект, вклучувајќи методи за надзор, проценка и распределба. 

Посетата на овој контакт семинар е одличен начин да се развијат идеи за нови проекти, да се најдат меѓународни партнери и да се добие практична помош за пишување на вашата грант апликации.

Долунаведените документи потребно е да ни ги доставите најдоцна до крајниот рок 17 Април 2012 година. 

 

 

 

 

Назад