Македонски студенти ќе можат да студираат во ЕУ во рамки на Еразмус Плус

tl_files/docs/images/DD_c.JPG

Извор: Македонска информативна агенција

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, на состанокот во Брисел,

директорот и претставниците на македонската Национална агенција дискутираа за
претстојната програма “Еразмус плус 2014-2020” која ги наследи досегашните програми
“Доживотно учење” и “Млади во акција” на Унијата, во кои Македонија исто така беше
вклучена.
Директорот на Националната програма одржа состаноци со одговорните претставници на
Директоратот за образование и култура, на кои се дискутираа задачите кои треба да се
завршат на национално ниво во однос на македонското вклучување во новата програма. Во
таа насока, идната недела во Македонија ќе пристигнат претставници на Директоратот за
образование на Еврокомисијата за да учествуваат на Меѓународната конференција за
образование на наставници што ќе се одржи во Охрид.
Инаку, Македонија преку Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност полноправно ќе учествува во водечката програма на ЕК, “Еразмус плус”.
- Во соработка меѓу Директоратот за образование при Европската комисија и Министерството
за образование и наука на Република Макеоднија, интензивно работиме за исполнување на
сите неопходни мерки со цел успешно вклучување во новата програма на неформалната
Влада на Европската унија. Целта е да им се овозможи на македонските граѓани непречено
користење на ЕУ-програмите во рамки на образованието. Македонија станува програмска
земја во програмата “Еразмус плус” со што ќе се зголемат можностите за македонските
корисници и, воедно, ќе се потврди иницијативата на нашата земја за модерен и европски
образовен систем, вели директорот Димитров во изјава за МИА.
Според Димитров, во наредниот период, Националната агенција ќе почне со реализација на
промотивна кампања која е посветена на успешни приказни од реализирани проекти од
програмите “Доживотно учење” и “Млади во акција”, а идниот месец ќе бидат реализирани
инфо-денови, работилниции генерална конференција посветена на програмата “Еразмус
плус”. Притоа, предвидено е зголемено медиумско присуство со гостување во информативни
емисии, интервјуа и истите ќе се промовираат преку веб-порталот “na.org.mk” и на профилот
на Националната агенција на социјалната мрежа “фејсбук”.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија
децентрализирано управува со програмите на ЕУ: “Доживотно учење” и “Млади во акција”
(2007-2013) кои ги допираат сите сегменти во образовните системи и младинските
активности и истите имаа сериозен придонес во зголемувањето на квалитетот на системите
на образование. Учеството во овие програми подразбира мобилност на студенти, професори,
наставници, ученици, младински работници, организации кон земјите на Унијата.

Назад