Меѓународна конференција на партнерски средни училишта од регионот

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sugsvt/34471776.jpgЧетврток, 7 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Првата меѓународна конференција на средни училишта од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Албанија на тема „Конференција за градење на искуство со проекти за подобрување на механизмите за подобро практично образование во регионот“, што се одржа на 5 јуни 2018 година, во СУГС „Владо Тасевски“.

Конференцијата ја организира СУГС „Владо Тасевски“, Скопје, во соработка со развојниот центар АКЕТ од Трикала, Грција, Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и СТЕМИЦ.

Целта на конференцијата е регионално вмрежување на средните технички училишта.

На конференцијата директорката Димова ги запозна претставниците на средните училишта со сите новини во Еразмус програмата при што упати порака дека агенцијата е отворена и за нашите училишта, и за училиштата од соседството за една заедничка активност, заедно да се прават проекти.

На крајот на конференцијата се потпиша Меморандум за соработка и креирање на регионална мрежа на технички училишта за заедничко настапување на проекти и фондови.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sugsvt/34693921.jpg

 

Назад