МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/ff15feb/ff2.jpgПонеделник, 18 февруари 2019 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, присуствуваше и одржа воведен говор на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет во Скопје која се одржа од 11 до 15 февруари 2019 година.

На настанот гости предавачи беа околу дваесеттина професори од партнерски Еразмус универзитети во Европа, како и други професори кои  учествува со свои предавања и дискусии. 

Исто така, на вториот ден од настанот (12.02.2018) официјално се промовираше проектот „Поттикнување на пристапните технологии за студирање: Пристапен систем за управување со учењето во хуманистичките и општествените науки, од програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Стратешки партнерства“.

Носител, односно координатор на овој проект е Филозофскиот факултет преку Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, додека партнери на проектот се Универзитетот од Авеиро, Португалија, Универзитетот од Вилниус, Литванија и Европскиот центар за обука од Копенхаген, Данска.

Професорите и партнерите на овој проект од Португалија, Литванија и Данска присуствуваа на меѓународната недела и говореа за нивните истражувачки искуства и придонесот на меѓународните проекти за унапредување на наставата во високото образование. 

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/ff15feb/ff3.jpg

Назад