Младите го менуваат погледот за миграцијата и човековите права во Европа

Среда, 12 декември 2018 година

На 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права беше иницирана бура со пораки преку „Twiter” со ознака #YoungTogether, која допре до повеќе од 650.000 лица во еден ден.

Илјадници млади луѓе и организации во Европа, како и 6 Национални агенции кои управуваат со програмата Еразмус+ (Австрија, Финска, Италија, Македонија, Естонија и Словенија) се соединија со цел да испратат јасна порака за Меѓународниот ден на човековите права, до младите луѓе, мигрантите и бегалците кои се залагаат за човековите права и против омразата.

Беше споделена визија на обоена, еднаква и инклузивна Европа за сите.

Националните агенции организираа симултани национални настани во нивните земји со повеќе од 200 млади луѓе, кои се здружија онлајн со нивните соучесници од Европа.

Овие активности се дел од големата европска кампања под името „Свесни и активни“, која има за цел да даде нов поглед за ситуацијата со бегалците и локалните реакции во Европа, преку интеграција на младинските акции за разликите и инклузијата на пошироката публика.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/AAA/AAA-dec2018.JPG

Назад