НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР НА УЧЕНИЧКИ КОМПАНИИ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/10/60139819_661496267623223_8991999610293583872_n.jpgПеток, 10 мај 2019 година

Денеска, во Трговски центар Веро Џамбо, се одржа Национален натпревар на ученички компании, кој беше поддржан од УСАИД.

Претставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  г-ѓа Анабела Наскова,  присуствуваше на овој натпревар на ученички компании.

Националниот натпревар беше наменет за сите средни стручни училишта од  Република Северна Македонија, кои беа претставени со свои дела и со свои штандови.

На националниот натпревар поздравни обраќања имаа директоторот на Фондот за иновации, г. Јован Деспотовски и претставникот од Junior Achievement Macedonia, кои напоменаа дека младите и претприемништвото се многу значаен фактор во цела Европа, па и кај нас.

Исто така, тие пренесоа порака до сите млади лица дека претприемништвото претставува составен дел од животот на младите во Европа и дека младите во Република Северна Македонија треба да целат кон истото.

На настанот, меѓу присутните и натпреварувачите беа споделени искуства и добри практики.

Освен претставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на натпреварот присуствуваа и претставници од Министерство на образование и обука, Бирото за развој на образованието и од Центарот за средно стручно образование и др.

По поздравните обраќања следуваше презентација на ученички компании и претставување на учесниците пред жири комисијата и гостите.

Потоа, од страна на жири комисијата беа сумирани резултатите и рангирање на најдобрите.

Во текот на денот при крајот на настанот ќе се прогласат победници и ќе се доделат награди на најдобрите ученички компании.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/10/60334408_2246738522072757_6504069727399182336_n.jpg

Назад