Неформален состанок на координаторите на Еразмус+ за образование на возрасни

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/island.jpgЧетврток, 10 октомври 2019 година 

Од 11 до 13 септември 2019 година, координаторите на Еразмус+ за образование на возрасни, учествуваа на неформалниот состанок на координаторите на Еразмус+ за образование на возрасни, што се одржа во Исланд.

Во многу неформална и интерактивна атмосфера, претставници на 27 Национални агенции кои работат во областа на образованието за возрасни, ги мапираа процедурите на НА и разменија различни практики на НА, кои се однесуваат на мониторингот на корисниците, како и упатства и поддршка за корисниците кои пишуваат финални извештаи.

Исто така, беа презентирани клучни пораки од работната група на образованието за возрасни, како и ажурирања за политики за новата програма „Еразмо“ (2021-2027).

Одделен дел од настанот беше посветен на дефинирање на модел за активности на TCA во иднина, како и на можна основа за соработка на Националните агенции.

 

Назад