Неформален состанок за Национални агенции за примарни проверки

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/madrid1.jpgЧетврток, 10 октомври 2019 година 

Во периодот од 23 до 24 септември 2019 година, преставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Маја Колекеска и Љупка Ќуркчиева учествуваа на Неформалниот состанок за вработени во Нациналните агенции за примарни проверки.

Воведниот дел од состанокот, покрај воведните говори на г-ѓа Мартинез, директорката на СЕПИЕ, шпанската Национална агенција, г. Фахле, директор на БИББ и г-ѓа Лажевски од ДААД, опфати информација од претходните неформални состаноци на оваа тема, како и презентација на примарните проверки во централизираните акции. 

Во продолжение, од страна на ОЛАФ беа презентирани примери на нерегуларности и случаи на измама во Еразмус+, како и софтверот за антиплагијаризам што го користат во шпанската Национална агенциа за спречување на двојно финансирање на проекти во повеќе акции.  

Големо внимание на настанот беше посветено на дефинирање на проверките во рамките на идната пост-Еразмус+ програма, очекувањата во однос нивно поедноставување и дигитализација, методите за селектирање на ризични проекти, тековни размислувања и нивно влијание врз природата на проверките.

 

Назад