Обука за клучната акција 1 – КА101 и платформата еТвининг

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/svnikole/IMG_6283.jpgСреда, 11 јули 2018 година

На 10 јули 2018 година, на барање на директорката на ООУ „Гоце Делчев“, во Свети Николе, г-ѓа Билјана Мишева, претставнички на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Мартина Најдоска и Драгица Ивановска, од Одделението за мобилност од областа на стручно и училишно образование Мила Протуѓер Анастасова од Одделението за еТвининг, одржаа обука за клучната акција 1- КА101 мобилност на наставен кадар во училишно образование и за платформата еТвининг.

На присутните на обуката им беа објаснети правилата за програмата Еразмус+  од Водичот во делот за клучна акција КА101 Мобилност на наставен кадар во училишно образование, потоа како да се регистрираат во порталот за корисници и како да бараат провајдери.

Заедно беше разгледана апликацијата од повикот за 2018 година.

Исто така се разговарше за платформата еТвининг и што претставуваа таа, потоа за кои цели може да ја користат вработените во училиштето и кои придобивки ги има самото училиште од еТвинингот.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/svnikole/IMG_6285.jpg

Потоа се разговараше за процесот на регистрација во еТвининг и начинот на употреба на самиот профил, кој се добива со самата регистрација.

Присутните беа охрабрени да аплицираат и активно да се вклучат во еТвининг платформата со целосна поддршка од страна на одговорните лица од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/svnikole/IMG_6290.jpg

Назад