Oддржан информативен ден во Дебар

    На 21 Ноември 2009 година во 12.00 во општина Дебар се оддржа информативен ден за програмата за Млади во акција.

    На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност беа презентирани можностите и целите  на програмата Млади во акција.

    Програмата ја презентираше Раководителот на сектор Младински активности во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-ѓа Снежана Манчева. Присутните во имаа можност детално да се запознаат со можностите  кои ги нуди програмата Млади во акција, роковите за апликација, начинот на аплицирање, улогата на Националанта агенција  и правилата за користење на програмата според кои може да се добие финансиска поддршка за проекти за млади.

    Подетални податоци за начинот на пополнување на формулар за апликација од под акцијата Младински размени пред присутните презентираше г-дин Горан Ѓорѓев, Раководител на одделение Млади за Европа во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

    Фотографии од настанот може да видете на следниов линк.

Назад