Оддржан информативен ден во Кичево

    На 2 Декември 2009 година во општина Кичево се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограмите Комениус и Грундвиг.

    На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Кичево, беа презентирани можностите и целите на програмата за Доживотно учење.

    Во своето обраќање градоначалникот на општина Кичево, г-дин Благоја Деспотоски го искажа своето задоволство од оддржување настани од ваков тип се со цел граѓаните да имаат можност преку директен контакт да ги увидат можностите и целите на европските програми кои се отворени за Република Македонија. 

    Програмата за Доживотно учење како и потпрограмите Комениус и Грундвиг пред кичевчани ги презентираа вработените во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Мерсиха Исмајлоска и Љупка Бакарџиева.

Фотографии од настанот може да видите на следниов линк.

Назад