Оддржан информативен ден во Струга

    На 19 Ноември 2009 година во општина Струга се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно учење посветен на подпрограмите Комениус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.

    На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Струга, беа презентирани можностите и целите  на програмата за Доживотно учење.

    Програмата за Доживотно учење ја презентираше Раководителот на сектор за општо образование и координатор за програмата за Доживотно учење во Националната агенција г-дин Јован Попоски.

    Во своето излагање Попоски ја истакана важноста на овие инфо денови пред се околу остварувањето на директен контакт со крајните корисници и презентација на можностите кои ги нуди програмата пред нив.

    Останататите вработени во Националната агенција пред стружани ги претставија програмите Комениус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.

    Фотографии од настанот може да видете на следниов линк.

Назад