Оддржан информативен ден во Струмица

    На 27 ноември 2009 година во 12.00 во Струмица се одржа информативен ден за програмата Млади во акција.

    На самиот настан присуствуваа голем број на млади луѓе како и претставници од невладиниот сектор од Струмица и регионот. Презентацијата за програмата Млади во Акција предизвика огромен интерес кај младите од Струмица и истата беше презентирана од г-ѓа Снежана Манчева  Раководителот на сектор Младински активности во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Присутните во салата на Домот на културата во Струмица имаа можност да се запознаат со можностите кои ги нуди програмата Млади во акција, роковите за апликација и начинот на аплицирање, улогата на Националната агенција и правилата за користење на програмата кои може да се добие финансиска поддршка за проекти за млади.

    Детални информации за начинот на пополнување на формуларот за апликација за под - акцијата Младински размени пред присутните презентираше г-дин Горан Ѓоргев, Раководител на Одделението Млади за Европа во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

    Фотографии од настанот може да видите на следниов линк.

Назад