Оддржан информативен ден за програмата Млади во акција во Делчево

    На 3 Ноември 2009 година во општина Делчево се оддржа информативен ден за програмата Млади во акција.

    На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност беа презентирани можностите и целите  на програмата Млади во акција.

    Програмата ја презентираше Раководителот на сектор Младински активности во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-ѓа Снежана Манчева. Присутните во детали имаа можност да се запознаат со програмата Млади во акција како и со роковите и правилата на програмата кои мораат да се почитуваат.

    Фотографии од настанот може да видите на следниов линк

Назад