Одржан инфо-ден на Американ колеџ, ФБЕ, ИБЕ и МИТ универзитет

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG-f789576512951867fc218d766035c190-V.jpgВторник, 8 октомври 2019 година

Согласно годишната програма за настани на Националната агенција, во делот на високо образование (КА103, КА107, КА203 и проектот Студирај во Европа), на 28 септември претставници од Националната агенција присуствуваа на отворен инфо- ден, кој се одржа пред просториите на Американ колеџ – Скопје, Факултет за бизнис економија, Институтот за бизнис економија и МИТ универзитет. 

На инфо-денот присуствуваа професори од 4 високообразовни институции, студенти, претставници од Националната агенција и еразмус координатори.

Свое учество на инфо-денот земаа и претставници од Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа којшто, исто така, ги презентираа можностите за студентите во делот на меѓународната димензија во високото образование.  

На истоимениот инфо-ден претставници од Националната агенција одржаа и презентација во просториите на Американ колеџ Скопје за програмата Еразмус+ и можностите кои ги нуди програмата во делот на високото образование.

 

Назад