Одржан инфо-ден на Европскиот универзитет

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG-6099406b29575ae7b4860ff173817443-V.jpgВторник, 8 октомври 2019 година

По покана од Европскиот универзитет, на 7 октомври, претставници од Националната агенција присуствуваа на инфо-ден за програмата Еразмус+ во свечената сала на Европскиот универзитет. 

На инфо-денот присуствуваа претставници од Националната агенција - Александар Богојевски, Милена Петрушевска, претставник од Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Горан Костовски, Еразмус координаторот, Верица Петрушевска, професори од ЕУРМ, студенти и административен кадар.  

На инфо-денот се имаше и штанд каде се делеа промотивни материјали во врска со програмата Еразмус+. 

На сесијата, претставниците од Националната агенција ги информираа присутните за важноста на прогармата, како и за важноста од соработката на НА со ЕУРМ. 

Исто така, се презентираа и можностите за програмтата Еразмус+ во делот на високото образование, можностите кои ги нуди ЕВРИДИКА како и важноста на проектот Студирај во Европа. 

На инфо-денот претставниците од Националната агенција одржаа состанок со ректорот на ЕУРМ, директорот, како и со проректорот за меѓународна соработка каде се акцентираше важноста на проектот Студирај во Европа, а воедно и инволвираноста на универзитетот во активностите кои се преземаат за промоција на високотото образование во Европа.

 

Назад