ОДРЖАН ИНФО-ДЕН НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА И ИНСТИТУТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА

Четврток, 22 ноември 2018 година

Согласно предвидените активности за тековната година на Националната агенција за европски образовани програми и мобилност, на 22 ноември,  се одржа инфо-ден на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија.

На истоимениот инфо-ден претставниците од Националната агенција, м-р Александар Богојевски, раководител на Одделение за високо образование, образование на возрасни и млади и г. Дејан Миланов, помлад соработник за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог одржаа предавање/презентација за програмата Еразмус+ со фокус на можностите во високото образование.

На инфо-денот присуствуваа студенти, професори и вработени лица при Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија.

Пред присустните беа споделени и успешни приказни од страна на студентите од реализирани студентски мобилности во Португалија.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/fbe/20181122_101720.jpg

Назад