ОДРЖАН ИНФО ДЕН ВО АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/american/IMG-9f3731c0659d45e2caad166ed358f0ab-V.jpgПонеделник, 3 декември 2018

На 29 ноември, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Александар Богојевски и м-р Астрит Реџепи одржаа инфо ден за програмата Еразмус+ (КА103, КА107 и проектот Study in Europe) пред студентите на Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Пред присутните студенти и професори беа презентирани можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ во делот на високото образование.

Инфо денот се состоеше од предавање, споделување на успешни приказни од студентите, интерактивност како и охрабрување кон студентите да ги искористат можностите што ги нудат европските образовни програми во насока на меѓународна димензија во студирањето како и градење на капацитетите кај студентите.  

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/american/IMG-47ff940debdad18bd46db7b71e1768e6-V.jpg

Назад