ОДРЖАН ИНФО ДЕН ВО ОХРИД И ВО СТРУГА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/struga/IMG_8509.JPGСреда, 14 ноември 2018 година

Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Мила Протугер Анастасова, од Одделение за е-Твининг, г. Александар Богојевски од Одделение за мобилности во високото образование, обука и млади и г-ѓа Сандра Кабранов, од Одделение за стратегиски партнерства од областа на високото образование и образование на возрасни, ја презентираа програмата Еразмус+ и мрежите како Европас, Евридика, Еврогајденс и еТвининг пред присутните граѓани во градовите Струга и Охрид, која се одржа на 7 ноември. 

На презентациите присуствуваа претставници на градинки, основни и средни училишта, универзитети, здруженија на граѓани и претставници од општините. 

Повеќе граѓани/претставници на институции беа запознаени со можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ во делот на образованието, обуката, младите и спортот. 

Воедно беа презентирани и можностите кои ги нуди Извршната агенција од Брисел во врска со централизираните акции како Capacity Building, Knowledge Alliance, Erasmus Mundus Joint Masters Degrees и Jean Monnet.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/struga/IMG_8512.JPG

Назад