Одржан настан по повод Европскиот ден на волонтерството

    На 05 Декември 2009 година во Инфо Центарот на Делегација на Европската Комисија во Република Македонија се одржа настан по повод Европскиот ден на волонтерството.

    На овој настан кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во Скопје, беа презентирани можностите и целите  на програмата за Млади во Акција со посебен акцент на акцијата 2 – Евопски волонтерски сервис.

    Воведно обраќање до присутните имаа: г-дин Бошко Нелкоски, Директор на   Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и г-ѓа Снежана Манчева Раководител на сектор Младински активности.

Фотографии од настанот може да видите на следниов линк.

Назад