ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК ВО ООУ БРАТСТВО - СКОПЈЕ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/OU BRATSTVO 2.jpgПеток, 19 април 2019 година

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска, на 18 април, го посети ООУ Братство - Скопје, с.Г.Нерези, каде одржа работен состанок со директорката на училиштето, г-ѓа Сали Рухие и со дел од наставниот кадар.

Во ООУ Братство Скопје, се образуваат и воспитуваат ученици на македонски и албански јазик, и училиштето е збратимено со ОУ „Јахја Кемал“ - Бурса (Р.Турција).

На состанокот претставничката Насковска им објасни на присутните за можностите и бенефитите на Еразмус+ програмата и на европските образовни мрежи.

Исто така, беше договорено, во училиштето, наскоро да се одржат презентации на европските образовни мрежи еТвининг, Европас и Еразмус + програмата.

 

Назад