ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/raboten/IMG_9227.jpgВторник, 19 март 2019 година

На ден 22 февруари, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа работен состанок на тема инклузија, на кој присуствуваа организации од невладиниот сектор кои работат во области на социјална заштита и можат да придонесат кон дискусии и дебати во врска со инклузијата.

Од страна на вработените во Националната агенција, на состанокот присуствуваа Деспина С. Шандуловска, Лулеса Илјази и Гоце Величковски.

Имено, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се учесници во работни групи за инклузија на европско ниво, Генерален директорат за образование и култура.

Организациите кои беа присутни на состанокот дадоа свој придонес на оваа тема од поблизок агол, споделувајќи искуства од практични примери, со цел да се подобри климата во нашата земја по однос на инклузивноста, а воедно да се приближи кон европските иницијативи.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/raboten/IMG_9232.jpg

На состанокот, исто така, беа презентирани нашите барања и заложбите да работиме на истите.

Воедно, на невладините организации кои работат со лица со попреченост им беа презентирани можностите на програмата Еразмус+, при што програмските службеници детално ги објаснија сите области во кои истите може да бидат вклучени, како и достапноста на агенцијата и целосната поддршка кон овие категории.

Назад