ОДРЖАН СОСТАНОК НА ХОРИЗОНТАЛНА РАБОТНА ГРУПА НА ТЕМА ИНКЛУЗИЈА ВО БРИСЕЛ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/brisel6mart/54279669_2126578354105744_1492231325514465280_n.jpgВторник, 19 март 2019 година

На 6 март, во Брисел, се одржа состанок на хоризонтална работна група на тема инклузија.

Имено, членови на работната група се претставници од Европската комисија, програмски работници од повеќе европски Национални агенции, како и „SALTO Inclusion and Diversityкако и „European Solidarity Corps Resource Centre”.

Претставник од македонската Национална агенција е одбран за член во оваа работна група (Деспина Србиновска Шандуловска).

Во престојниот период, во работната група ќе се работи на изготвување Стратегија за инклузија на европско ниво, која ќе биде усвоена во склоп на програмата Еразмус+ и подоцна ќе биде имплементирана преку Националните агенции.

Воедно, паралелно се работи на дефинирање и утврдување на видови попреченост за лица со посебни потреби – кои во иднина би биле составен сегмент од самата стратегија.

Хоризонталната работна група ќе одржува состаноци и во иднина, сè до изготвувањето на конечната верзија од стратегијата, а Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку својот претставник, е инволвирана во сите фази – при што е директно вклучена во секој процес и се надева на успех во подигнувањето на инклузивноста во нашите училишта, институции и организации.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/brisel6mart/54278267_275267756715006_809632151686348800_n.jpg

 

Назад