Одржан Воведен состанок за добитниците на грантови за стратегиски партнерства во стручно образование и обука и образование за возрасни

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/induction2.jpgЧетврток, 10 октомври 2019 година

На 7 октомври, во просториите на Националната агенција, се одржа Воведен состанок за добитниците на грантови во акциите КА202 и Ка204, од Повикот 2019 година.

Заедничката средба на претставници од повеќе од 8 различни институции овозможи размена на искуства и размислувања околу начинот на спроведување на проектите, добри практики и начини на обезбедување поголем квалитет.

На состанокот беа презентирани основните правила за управување со проектите, соработката со партнерските институции, примарните проверки, како и принципите на известување и потребната придружна документација.

Дополнително, присутните беа запознаени со можностите за ЕПАЛЕ платформата во областа на образованието за возрасни, што за прв пат од оваа година се спроведува во нашата држава.

Назад