Одржан „Хакатон Скопје 2019“

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/70956516_842408049489315_7436997114409779200_o.jpgПонеделник, 30 септември 2019 година

Од 17 до 20 септември 2019 година во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше домаќин на првиот Хакатон настан, како дел од Стратегиското партнерство Млади на работа.

Темата на настанот беше Младинска работа за вработување и претприемништво: поддршка на младите луѓе да ги препознаат претприемничките и дигиталните компетенции развиени преку активности за младинска работа.

Група на експерти, професори и претставници од младинскиот сектор земаа учество на настанот во Скопје да развијат нови идеи преку користење на алатката „ЕнтреКомп“ во младинската работа. Овој модел беше користен за да се најдат нови начини и алатки за градење на квалитетно и видливо претприемништво и вработување во младинската работа, како и да се создадат линкови преку формалното образование и претприемнички сектор.

Настанот имаше за цел со истражување до подобра застапеност на младите луѓе при реализирање и препознавање на претприемничките и дигиталните компетенции кои се развиваа преку искуството со младинската работа.

Стратегиското партнерство Млади на работа е составено од 11 Национални агенции од Европа и 4 САЛТО ресурсни центри, кои преку заедничка соработка ќе овозможат подобра видливост на темите кои ги засегнуваат младите. 

Назад