Одржана Еврогајденс конференција
Четврток, 14 ноември 2019 година
Во периодот од 8 до 10 ноември 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Еврогајденс конференција за кариерно образование, која се одржа во хотел Есперанто во Струмица.
На конференцијата, која е во согласност со тригодишната програма на Еврогајденс мрежата, присуствуваа наставници од средни стручни училишта од Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар и Велес кои работат како кариерни советници, а предавач беше експертката Васиа Ликова-Арсенова Илиева од Бугарија.
На конференцијата на учесниците им беа дадени насоки за кариерно советување и на кој начин да ги спроведуваат во своите училишта.
Вториот ден од конференцијата вклучуваше и вежби за кариерно советување што наставниците треба да ги применуваат со своите ученици.