Одржана Еврогајденс работилница

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/74667361_561844357884156_9109895225618202624_n.jpgЧетврток, 14 ноември 2019 година

Во периодот од 6 до до 8 ноември 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Еврогајденс работилница за креирање на методологија и прашалник за Анлиза за кариерно образование, во хотел Есперанто во Струмица.

Работилницата е во согласност со тригодишната програма на Еврогајденс мрежата, на која присуствуваа вработени лица во Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и која ја водеше експертката Васиа Ликова-Арсенова Илиева од Бугарија.

На работилницата, на вработените лица, им беше покажано како да направат Методологија и прашалник за успешна анализа за кариерно советување.

Исто така, освен учеството на оваа работилница, вработените во Еврогајденс центарот имаа можност да посетат две средни стручни училишта во Општина Струмица, коишто веќе се добитници на Еразмус+ проекти, и тоа СОУ Никола Карев и СОУУД Димитар Влахов.

Во училиштата на учениците им беа одржани презентации од страна на г-ѓа Васиа Ликова-Арсенова Илиева од Бугарија во врска со кариерното советување и можностите за младите во Европската унија.

Назад